среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 161
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Фудбал

Рекорден интерес за билети за Мундијалот во Катар

Рекорден интерес за билети за Мундијалот во Катар

Бројот на продадени влезници за Светското фудбалско првенство во Катар, по завршување на втората фаза од продажбата, изнесува 1.2 милиони билети, соопшти денеска генералниот секретар на Организацискиот одбор Хасан Ал-Тавади.

-Мислам дека побарувачката е рекордно висока. Луѓето купуваат (влезници) и се радуваат на доаѓањето, рече Ал – Тавади во говорот на катарскиот економски форум во Доха.

Здружението на навивачи претходно изразија загриженост поради високите цени на авионските билети и хотелското сместување, како и поради почитувањето на човековите права во Катар.

-Се обидуваме да создадеме опкружување во кое економијата има корист, но тоа да биде исплатливо и достапно за навивачите, што не е секогаш лесно да се избалансира, посочи Ал-Тавади. (МИА)

Коронавирус