сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Фудбал

Речиси неверојатно: Платата на Роналдо е неколку пати поголема од сите играчи на Фросиноне заедно

Речиси неверојатно: Платата на Роналдо е неколку пати поголема од сите играчи на Фросиноне заедно

Фудбалерите на Јувентус утре играат на гости против Фросиноне во рамките на петото коло од италијанската Серија А.

Јасно е дека Јувентус е голем фаворит во утрешниот дуел и се освен победа за „Старата дама“ би било сензација. Разликата помеѓу Јувентус и Фросиноне е неверојатна, а тоа најдобро го покажуваат финансиите, односно фактот колку само Кристиано Роналдозаработува повеќе од целиот тим на Фросиноне.

Роналдо во Јувентус неделно заработува неверојатни 646,000 евра, а најплатениот играч на Фросиноне, Џоел Кембел годишно заработува 850,000 евра. Италијанските медиуми успеаа да пресметаат дека Роналдо заработува три пати повеќе од целата екипа на Фросиноне.

Роналдо годишно во Јувентус заработува околу 31 милион евра, додека Фросиноне на годишно ниво за плати на сите играчи потрошува 11 милиони. Во оваа пресметка не е вклучено колку Роналдо инкасира од спонзорските договори и бонусите кои се навистина неверојатни.

Коронавирус