четврток, 9. февруари 2023. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Огромен број човечки жртви во земјотресот, Турција поместена за три метри

home Фудбал

Реал со реми во Мадрид се пласираше во финале на ЛШ

Реал со реми во Мадрид се пласираше во финале на ЛШ

Реал Мадрид е првиот финалист во Лигата на шампионите, откако на реванш полуфиналниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ ремизираше 2:2 против Баерн Минхен.

„Кралскиот“ клуб благодарение на победата од 1:2 на „Алијанц арена“ во Минхен го елиминираше баварскиот клуб.

Натпреварот беше динамичен со четири гола и бројни шанси на двете страни.

Баерн уште во третата минута со голот на Џошуа Кимих поведе со 0:1, но Карим Бензема, по асистенцијата од Марсело, во 11 минута израмни на 1:1.

Во почеток на вториот дел Бензема ја искористи грешката на голманот на Баерн и му донесе водство на Реал од 2:1.

Во финишот на натпреварот Хамес Родригез постигна гол за Баерн за конечни 2:2.

Вториот патник во финалето ќе биде познат вечерва по одигрувањето на натпреварот меѓу Рома и Ливерпул.