недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал со 116 милиони евра тргнува по Санчо

Реал со 116 милиони евра тргнува по Санчо

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо може да го напушти клубот, бидејќи Реал Мадрид е подготвен да понуди за него 116 милиони евра, пренесе „Дејли мејл“.

Фудбалерот не е задоволен од својата позиција во клубот. За доцнењето од само еден ден враќајќи се од англиската репрезентација, 19-годишниот играч е казнет со парична казна од 100 илјади евра.

Во тековната сезона, Санчо настапи на 16 натпревари за Борусија, постигна четири гола и забележа осум асистенции.

Неговиот договор со германскиот клуб важи до 30 јуни 2022 година.

Исто така заинтересирани за Санчо се и Манчестер јунајтед, ПСЖ, Барселона и Ливерпул.