сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Фудбал

Реал се откажува од Азар, Лопетеги ќе се потпира на Иско

Реал се откажува од Азар, Лопетеги ќе се потпира на Иско

Реал Мадрид се откажа од својата намера да ја привлече ѕвездата на Челзи, Еден Азар, објави „АС“. Трансферот на белгискиот репрезентативец бара огромна сума пари за да биде потрошена на позиција, за која клубот мисли дека веќе го има потребниот играч – Иско.

Мадридскиот тим верува дека дојде време да му даде на својот играч од средниот ред поважна улога во тимот. Тој беше омилен кај тренерот Хулен Лопег за време на неговиот престој на чело на Шпанија. Менторот има целосна доверба во способностите на Иско, кој ќе биде главна фигура во новиот проект на „Сантијаго Бернабеу“.

Марко Асенсио исто така е важен фактор во донесувањето на одлуката. Во материјалот се вели дека минатата сезона на Хамес Родригез му беше дозволено да замине, па Асенсио можеше да добие повеќе време за играње. По евентуалниот трансферот на Азар, можностите на 22-годишниот играч да го покаже својот потенцијал ќе се намалат.

Ова значи дека ова лето „кралскиот“ клуб нема да направи никакви зачудувачки трансфери откако стана јасно и дека Нејмар и Килијан Мбапе остануваат во Пари Сен Жермен.