вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал ремизира со Валенсија и се изедначи со Барселона пред „Ел класико“

Реал ремизира со Валенсија и се изедначи со Барселона пред „Ел класико“

Нерешено 1:1 заврши последниот натпревар од 17.коло во Шпанското фудбалско првенство одиграно синоќа во Валенсија меѓу истоимениот домашен тим и Реал Мадрид.

Домаќините се наоѓаа пред победа, откако поведоа преку Карлос Солер во 78.минута, изедначи Карим Бензема во петтата минута од судиското надополнување.

Со освоениот бод Реал Мадрид се изедначи со лидерот во Ла Лига, Барселона пред меѓусебниот дуел и дербито на полусезоната закажано за в среда на теренот на Каталонците.

Табела: Барселона 35 бода, Реал Мадрид 35, Севиља 31, Хетафе 30, Атлетико Мадрид 29,…

Коронавирус