среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 106
home Фудбал

Реал очајнички бара замена за Роналдо: Откако беа одбиени од неколку ѕвезди, сега ќе купуваат од Валенсија за 60 милиони евра

Реал очајнички бара замена за Роналдо: Откако беа одбиени од неколку ѕвезди, сега ќе купуваат од Валенсија за 60 милиони евра

Реал Мадрид цело лето очајнички се обидува да најде замена за својата до минатата сезона прва ѕвезда, Кристијано Роналдо, кој замина во италијански Јувентус. Како замена за својот веќе екс најдобар играч мадридскиот клуб сакаше некоја голема ѕвезда.

Се шпекулираше со имиња како Нејмар, Еден Азар, Роберт Левандовски, Хери Кејн… но до ниту еден од овие трансфери не дојде.

Токму овие неуспешни трансфери го доведоа Реал во мат позиција, па сега место голема ѕвезда, најверојатно ќе се задоволат со не толку звучно име, станува збор за напаѓач на шпанска Валенсија.

Откако беа одбиени од сите страни, Реал сега тргна по шпанскиот репрезентативец, 27 годишниот Родриго Морено.

-Ако Реал го сака Морено, ќе мора да ни ја платат клаузулата, порача тренерот на Валенсија, Марселињо.

Сепак, се шпекулира дека од клубот може да прифатат и помала сума од онаа во клаузулата (60 милиони евра), само за да задржат Гончало Гуедеш, кој е на позајмица од ПСЖ.

Коронавирус