понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 160
home Фудбал

Реал нема пораз 20 натпревари, повеќе од три месеци

Реал нема пораз 20 натпревари, повеќе од три месеци

Предводен од Зинедин Зидан, Реал Мадрид оваа сезона игра препородено. „Кралевите“ синоќа ја победија Сарагоса во шпанскиот куп и ја продолжија серијата без загубен натпревар која трае повеќе од три месеци и веќе 20 средби.

Тимот има 14 победи и шест нерешени исходи во домашното првенство, Лигата на шампионите и шпанскиот куп.

Последниот пораз Реал го забележа на 19 октомври, во првенствен меч со Мајорка (0:1). Оттогаш Реал ги победи Галатасарај, Легањес, Галатасарај, Еибар, Реал Сосиедад, Алавес, Еспањол, Бриж, Хетафе, Валенсија, Севиља, Саламанка, Ваљадолид и Сарагоса. Нерешено одигра со Бетис, ПСЖ, Валенсија, Барселона, Атлетик и Атлетико.

Коронавирус