понеделник, 16. мај 2022. Вести денес: 57
home Фудбал

Реал нема да го пушти Јовиќ зимава поради повредите на Бензема и Маријано

Реал нема да го пушти Јовиќ зимава поради повредите на Бензема и Маријано

Напаѓачот Лука Јовиќ нема да може да го напушти Реал Мадрид оваа зима, соопштува „Marca“.

Мадриѓаните се во тешка ситуација поради тоа што се повредени напаѓачите Карим Бензема и Маријано Дијаз. Иако закрепнувањето на двајцата играчи нема да одземе многу време, натпреварите кои ќе се играат во овој сегмент можеби ќе бидат клучни за Реал, па во клубот стравуваат од дополнително слабеење на напаѓачката линија.

Интерес за Јовиќ покажа Арсенал, но официјална понуда за трансфер на Србинот не беше дадена, а Реал Мадрид сега не е заинтересиран за договор.

Јовиќ оваа сезона одигра 11 натпревари во Ла Лига и постигна 1 гол.

Коронавирус