среда, 5. август 2020. Вести денес: 180
home Фудбал

Реал нема да ги игра домашните натпревари на стадионот на Атлетико

Реал нема да ги игра домашните натпревари на стадионот на Атлетико

Реал Мадрид одби да биде домаќин на домашните натпревари на стадионот Атлетико, пренесува „ЕСПН“.

Претходно, претседателот на Атлетико, Енрике Серезо предложи Реал Мадрид да ги одржи натпреварите во нивната арена.

Според изворот, раководството на Реал Мадрид го одбило предлогот на претседателот на Атлетико.

Стадионот на кралскиот клуб „Сантијаго Бернабеу“ моментно е во реконструкција, па Реал планира да одржи шест натпревари на стадионот на тренинг-базата „Алфредо ди Стефано“.

Шампионатот на Шпанија по паузата поради пандемијата на коронавирус ќе продолжи вечер со дуелот Севиља – Бетис.

Коронавирус