Агентите на фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор го одржаа првиот состанок со раководството на шпанскиот гигант за да разговараат за новиот договор на 24-годишниот фудбалер, пренесе „Релево“.
Според изворот, на оваа средба Реал Мадрид ја споделил сумата што е подготвен да ја исплати на Винисиус според новиот договор. Агентите на бразилскиот играч веруваат дека нивниот клиент заслужува поголема плата.
Реал Мадрид е свесен дека овие преговори нема да бидат лесни поради интересот за Винисиус од саудиските клубови кои се подготвени да платат повеќе. Актуелниот договор на Винисиус со клубот е до летото 2027 година.