петок, 3. април 2020. Вести денес: 6
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Реал Мадрид загуби од Леванте и го отстапи лидерското место на Барселона

Реал Мадрид загуби од Леванте и го отстапи лидерското место на Барселона

Реал Мадрид синоќа во дуел од 25. коло загуби од Леванте со 1:0 и му го препушти врвот на табелата во Ла Лига на големиот ривал за титулата Барселона.

Решавачкиот момент на дуелот одигран во Валенсија се случи во 79. минута кога Луис Моралес го совлда Тибо Куртоа.

За Леванте одличен настап имаше македонскиот репрезентативец Енис Барди.

По овој пораз Реал остана на 53 бода, додека нов лидер Шпанскио тфудбалски шампионат е Барселона со 55 бода.

Леванте е 10. со 32 бода.

Во следното коло на распоредот е големото дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Коронавирус