четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Фудбал

Реал Мадрид убедлив против Ливерпул, минимална предност на Сити во мечот со Борусија Дортмунд

Реал Мадрид убедлив против Ливерпул, минимална предност на Сити во мечот со Борусија Дортмунд

Шпанскиот фудбалски шампион Реал Мадрид е многу блиску до пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите, откако вечерва го совлада англиски Ливерпул со 3-1.

„Кралевите“ беа убедливо подобар тим во текот на сите 90 минути. Голема благодарност избраниците на Зинедин Зидан трена да имаат и од одбранбените фудбалери на Ливерпул.

Таа ги подари првите два гола, во првото полувреме, кои ги постигнаа Винисиус и Асенсио. Салах намали на почетокот од вториот дел, но Винисиус со вториот погодок се погрижи за убедлива победа на Реал во пресрет на реванш мечот помеѓу овие две екипи.

Во вториот меч кој се одигра оваа вечер Борусија Дортмунд беше на чекор од изненадување во Манчестер бидејќи до судиското продолжение имаше 1-1, но голот за победа од 2-1 за домашните кој го постигна Фоден откако претходно Де Брујне ги доведе домаќините во водство, а Ројс израмни за гостите,

Коронавирус