понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид: Салах е алтернатива за Азар

Реал Мадрид: Салах е алтернатива за Азар

Раководството на Реал Мадрид планира да го ангажира фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах ова лето ако пропадне трансферот на Еден Азар, објавија шпански медиуми.

Со враќањето на Зинедин Зидан, Реал Мадрид ќе направи сериозна промена во тимот следната сезона и сака повторно да биде конкурентен на сите полиња, бидејќи тековната сезона може да се смета за неуспех.

Веќе неколку години, Еден Азар е голема желба за Флорентин Перез.

Ова лето ќе се одржи нов круг преговори помеѓу двата клуба, но со оглед дека Челзи има забрана за доведување нови играчи, прашањето е дали тие се подготвени да се откажат од Азар без да донесат соодветна замена. Ако преговорите не успеат, Реал планира да се сврти кон Мохамед Салах, за кого наводно, подготвиле 150 милиони евра.

Египќанецот оваа година потпиша нов договор со клубот, а прашањето е дали сака да го напушти Ливерпул.