четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 194
home Фудбал

Реал Мадрид не го пушти Хамес во Атлетико

Реал Мадрид не го пушти Хамес во Атлетико

Фудбалерот за врска на Евертон, Хамес Родригез призна дека можел да се пресели во Атлетико.

Во септември минатата година, Колумбиецот се пресели во Евертон од Реал Мадрид.

– Бев договорен со Атлетико, но Реал не ме пушти. Трансферот беше скоро готов. Зошто не се случи ова? Треба да го прашате Флорентино Перез, го цитира Хамес „ESPN“.

Оваа сезона, фудбалерот одигра 18 натпревари во Премиер лигата, постигна пет гола и четири асистенции.

Евертон со 40 бодови по 28 кола во англискиот шампионат се наоѓа на осмото место.

Коронавирус