вторник, 23. јули 2019. Вести денес: 7
home Фудбал

Реал Мадрид не е прв избор на Погба

Реал Мадрид не е прв избор на Погба

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба преферира повторно да заигра во Јувентус, отколку да реализира трансфер во Реал Мадрид, соопштува „Скај Спортс“. На крајот на минатата недела францускиот репрезентативец за првпат отворено изјави дека сака да бара нов предизвик далеку од „Олд Трафорд“, а медиумите во Британија шпекулираа дека е многу веројатно тој да заигра под раководство на Зинедин Зидан во „кралскиот“ клуб.

Самиот Погба сепак преферира да се врати во Јувентус, каде изгради име на светска ѕвезда и стигна до рекорден трансфер во Манчестер Јунајтед. Пред една недела спортскиот директор на „бјанконерите“, Фабио Паратичи патуваше до Лондон, за да се состане со претставниците на „црвените ѓаволи“ за евентуален трансфер на Погба.

Според информациите, таков договор може да значи дека Паоло Дибала и Жоао Кансело може да заминат во обратна насока. Во исто време, Јунајтед велат дека нема шанса да се разделат со Погба ова лето, бидејќи тој е главен играч во плановите на менаџерот на Оле Гунар Солскјер.