сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид наследникот на Модриќ го најде во Серија А

Реал Мадрид наследникот на Модриќ го најде во Серија А

Лука Модриќ и идната сезона ќе игра за Реал Мадрид, но „кралскиот клуб“ уште сега ја започна потрагата по неговиот наследник бидејќи хрватскиот репрезентативец оваа година ќе наполни 36 години.

Италијанскиот медиуми пишуваат дека наследник на Модриќ ќе дојде до Серија А, односно еден од главните кандидати за преселба на „Сантијаго Бернабеу“ е фудбалерот на Интер, Николо Барела.

Италијанскиот репрезентативец има одлична сезона во Интер и има голем удел во освојувањето на титулата во Серија А по пауза од 11 години.

Калјари го продаде Барела на Интер за 28 милиони евра, а проценката е дека „нераѕурите“ ќе заработат најмалку двојно повеќе.
Шансите да се реализира трансферот уште ова лето се големи бидејќи наводно и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан дал зелено светло на управата да започне преговори со Интер.

Коронавирус