петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 58
home Фудбал

Реал Мадрид најавува жешко лето, Мбапе, Нејмар, Азар, Погба…

Реал Мадрид најавува жешко лето, Мбапе, Нејмар, Азар, Погба…

Реал Мадрид во текот на летниот преоден рок ќе претрпи големи промени. Тимот кој владееше со Европа со години оваа сезона ќе ја заврши без трофеј, а ќе ја доработи под палката на повратникот Зинедин Зидан.

За очекување е Зизу да формира свој тим во текот на летниот преоден рок. Многу имиња се поврзуваат со трансфер во редовите на „кралевите“, а најмногу се зборува за Килиан Мбапе и Нејмар.

Токму на оваа тема, претседателот Флорентино Перез даде одговор пред медиумите. На прес-конференцијата на која беше промовиран Зидан, тој доби прашање – „Ако можете да бирате меѓу Нејмар и Мбапе, кој би го одбрале?“, на кое одговори интересно. Перез беше дециден, па кажа кратко и јасно „Би ги зел двајцата“.

Со овој одговор, дополнително се подгреваат шпекулациите дека Реал Мадрид ќе активира трансфер-бомби на пазарот во летниот преоден рок. Најавено е дека Зидан ќе добие одврзани раце, а буџетот ќе биде во висина од 300 до 400 милиони евра.