понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 101
home Фудбал

Реал Мадрид ќе потпише договор за спонзорство од 1,1 милијарда евра

Реал Мадрид ќе потпише договор за спонзорство од 1,1 милијарда евра

Реал Мадрид се согласи да го продолжи договорот за спонзорство со компанијата за спортска опрема „Адидас“, која го снабдува тимот, објави Марка.

Според изворот, новиот договор ќе биде со важност на десет години, а вкупниот износ ќе изнесува 1,1 милијарда евра.

Со сегашниот договор, Реал Мадрид добива 52 милиони евра годишно од „Адидас“.

Реал е европски фудбалски шампион во последните три години.

МИА

Коронавирус