петок, 25. септември 2020. Вести денес: 158
home Фудбал

Реал Мадрид го сака Дибала, на Јувентус му нуди пари и да си одбере еден фудбалер од Иско и Крос

Реал Мадрид го сака Дибала, на Јувентус му нуди пари и да си одбере еден фудбалер од Иско и Крос

Според пишувањата на Спортмедиасет, Реал Мадрид сака да го ангажира Пауло Дибала, „кралевите“ на Јувентус му нудат пари и да си одберат еден фудбалер од Иско и Тони Крос.

Флорентино Перез, преку посредници од доверба, остварил котакт со раководството на Јувентус, првиот човек на Реал Мадрид сака да го ангажира Пауло Дибала.

Се работи за зделка од околу 100 милиони евра, односно Јувентус да си одбере еден фудбалер од Иско (проценет на околу 60 милиони евра) и Тони Крос (проценет на 50 милиони евра) а остатокот да биде платен во пари.

Спортмедиасет вели дека Јувентус во моментов нема намера да се раздели со Пауло Дибала со оглед на тоа дека ќе се прави голема реконструкција на тимот, но многу работи можат да се променат во следните месец дена.

СМ сепак додава дека напаѓачот сигурно нема да биде продаден доколку Кристијано Роналдо реши да замине од Торино. Изминативе денови одново се вратија гласините за негова преселба во ПСЖ, се говори дека неговиот агент Жорж Мендеш имал средба со спортскиот директор на „светците“, Леонардо.

Коронавирус