четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 191
home Фудбал

Реал Мадрид го освои шпанскиот Суперкуп

Реал Мадрид го освои шпанскиот Суперкуп

Реал Мадрид вечерва во Ријад го победи Атлетик Билбао во финалето на шпанскиот Суперкуп. Средбата заврши со резултат 2:0.

Лука Модриќ го отвори резултатот во 38. Минута, во 52. минута Карим Бензема го удвои водството на Реал.

За „кралскиот клуб“ ова е 12-ти трофеј во шпанскиот Суперкуп. Претходно до трофејот Реал стигна во 1988, 1989, 1990, 1993, 1997, 2001, 2003, 2008, 2012, 2017 и 2019/20.

Поуспешна во ова натпреварување е само Барселона со вкупно 13 трофеи.

Коронавирус