сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид го контактираше агентот на Бејл за да го убеди играчот да замине

Реал Мадрид го контактираше агентот на Бејл за да го убеди играчот да замине

Реал Мадрид се обидува на секој начин да се раздели со еден од најплатените играчи во тимот Герет Бејл, пренесува „Марка“.

Фудбалерот не е вклучен во плановите на тренерот Зинедин Зидан и тој самиот повеќе пати јасно стави до знаење дека не сака да даде се од себе на теренот и е подготвен да седи на клупата за резерви до крајот на договорот.

Мадридскиот клуб беше принуден да контактира со претставникот на Бејл, Барнет, кој важи за еден од највлијателните фудбалски агенти.

Тековниот договор на Бејл истекува во летото 2022 година. Велшанецот се пресели во Реал од Тотенхем во 2013 година за рекордни 100 милиони евра во тоа време. (МИА)

Коронавирус