вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 17
home Фудбал

Реал Мадрид елиминиран, Челзи против Сити за европска круна

Реал Мадрид елиминиран, Челзи против Сити за европска круна

Лондонски Челси со 2-0 го победи шпански Реал Мадрид и со вкупни 3-1 се пласираше во фналето од фудбалскатаЛига на шампиони.

Тимот на Томас Тухел доминираше на Стемфорд Бриџ и можеше да слави и многу поубедлива победа на реванш мечот во Лондон.

Челси ја имаше апсолутната доминација, создаде многу шанси за гол, а искористи две.Резултатот беше отворен во 28. минута кога Вернер искористи една одбиена топка и лесно со глава ја смести во празната мрежа за водство на Челси од 1-0.
Следуваа повеќе зицери на Челси, имаа и статива и неколку можности еден на еден. Се беше отворено до 85. минута кога по асистенција од Пулишиќ, Маунт ги постави конечните 2-0 и ги реши сите дилеми околу победникот.

ЕУРО 2020

Македонија