сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид блиску до Киев: Европскиот првак со пресврт го покори Минхен (ВИДЕО)

Реал Мадрид блиску до Киев: Европскиот првак со пресврт го покори Минхен (ВИДЕО)

Со пресврт на резултатот Реал Мадрид успеа да дојде до голема победа на гостувањето во Минхен, победа со која е чекор поблиску до пласман во Киев, на финалниот меч од Лигата на шампионите, што би било трето по ред за нив, претходните две години шпанскиот им беше и европски првак.

Баерн Минхен кој беше многу поконкретен од Реал Мадрид во првиот дел, поведе со голот на Џошуа Кимих во 28-та минута.

Марсело со еден убав гол му донесе израмнување на Реал пред крајот на продолжението во 44 минута.

Во второто полувреме кое може да се каже дека беше многу поизрамнето од првото, Баерн Минхен повторно се обидуваше, меѓу патот до голот на Кејлор Навас не успеаја да го најдат.

Конечните 1:2 на мечот во Минхен ги постави Маркос Асенсио во 57 минута од натпреварот.

Наредниот натпревар овие два тима го играат за шест дена.

Првиот полуфинален натпревар вчера заврши со 5:2 за Ливерпул против Рома, наредниот меч се игра на втори мај во Рим.

Коронавирус