среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 157
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Реал ја губи битката: ПСЖ му подготви договор од соништата на Мбапе

Реал ја губи битката: ПСЖ му подготви договор од соништата на Мбапе

Француски ПСЖ реши да му понуди нов договор на францускиот напаѓач Килијан Мбапе. Одличниот 21-годишен фудбалер заработува 15 милиони евра годишно, но сега може да добие многу повеќе пари.

Парижаните имаат идеја да му ја израмнат платата со таа на Нејмар од 37 милиони евра по сезона, но на крајот ќе мора да издвојат повеќе пари, а подготвени се и на тоа.

Па така ПСЖ ќе потроши 250 милиони евра на Мбапе за пет години, односно неговата плата годишно би изнесувала неверојатни 50 милиони евра.

Мбапе во ПСЖ стигна во 2017 година од Монако за 180 милиони евра, а во 115 одиграни меча постигна 84 голови.