среда, 17. јули 2019. Вести денес: 136
home Фудбал

Реал испрати понуда која не се одбива за Нејмар

Реал испрати понуда која не се одбива за Нејмар

Една од главните теми во овој преоден рок ќе биде Бразилецот Нејмар.

Фудбалерот на ПСЖ наводно е спремен да го напушти Париз после две неуспешни години и да се врати во Шпанија.

„Не сакам повеќе да играм за ПСЖ. Сакам назад дома, од каде никогаш не требаше да заминам.“ – наводно изјавил бразилскиот фудбалер.

Нејмар имаше две прилично слаби сезони во Париз со оглед на тоа дека два пати се повреди во клучните моменти, а тоа го чинеше клубот испаѓање од ЛШ.

Поранешниот фудбалер на Барселона наводно жали што пристигнал во Франција и сака да се врати назад на Камп Ноу, но сега се чини дека би можел да го фати и патот кон Сантијаго Бернабеу.

Како што пренесува Мундо Депортиво, Реал Мадрид ова лето ќе направи се за конечно во своите редови да го донесе Нејмар, а наводно веќе е испратена и првата понуда на адреса на ПСЖ.

Истиот извор пренесува дека Кралевите испратиле понуда од 130 милиони евра плус еден од двајцата играчи – Герет Бејл или Џејмс Родригез.

Да потсетиме, Ле Паризиен утрово откри дека ПСЖ за Нејмар бара неверојатни 300 милиони евра, но според многумина тоа никогаш нема да го добие, па понудата на Реал од некои 200 милиони евра е многу реална.