Арсенал не го крие интересот за крилниот напаѓач на Реал, Родриго. Свесни за интересот од „Сантијаго Бернабеу“ ја одредија цената за Бразилецот.
Како што објави „Кадена СЕР“, Реал Мадрид ја има одредено цената на Родриго на околу 90 милиони евра, со можност да достигне и до 100 милиони евра.
Оваа цена би можела да се искористи за ново засилување во средниот ред, според плановите на тренерот Хаби Алонсо. За Родриго има интерес од неколку клубови од Премиер лигата, меѓу кои и Арсенал и Манчестер Сити.