петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 149
home Фудбал

Реал и Атлетико нема да ги играат мечевите од Ла Лига овој викенд

Реал и Атлетико нема да ги играат мечевите од Ла Лига овој викенд

Мадридските фудбалски тимови на Реал и Атлетико од Мадрид овој викенд нема да ги одиграат своите мечеви во рамките од редовното деветото коло во Ла Лига со Атлетик Билбао односно Гранада, поради големиот број на јужноамериканци кои имаат обврски кон своите репрезентации и нема навреме да може да се вратат во Шпанија.

Ла Лига им излезе во пресрет на мадридските клубови, како што тоа го стори во случајот со Барселона и Севилја минатиот месец.

Јужноамериканците имаат уште едно коло за играње, а двата клуба имаат огромен број на фудбалери од овој континент, па фудбалерите нема да може да стигнат на Пиринеите.

Коронавирус