вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 148
home Фудбал

Реал го казнува Роналдо за кршење на етичкиот кодекс на тимот

Реал го казнува Роналдо за кршење на етичкиот кодекс на тимот

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, може да се соочи со парична казна за прекршување на етичкиот кодекс на клубот.

Шефовите на Реал Мадрид ја испитуваат контроверзната изјава на Кристијано Роналдо по финалето на Лигата на Шампионите во Киев за можното напуштање на Реал, за да видат дали има причина да му наметнат казна.

Со контроверзната изјава по финалето на ЛШ португалскиот фудбалер го нарушил етичкиот кодекс на Реал Мадрид и сега клупската управа ќе одлучи дали да го казни или не.

Во предметниот кодекс се наведува дека сите клупски вработени треба да се грижат за добрата слика на „белиот“ тим и да бидат одговорни за нивното однесување.

Етичкиот кодекс важи и за вработените во Реал Мадрид и за лица поврзани со Фондацијата и соработниците на клубот.

Коронавирус