четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 51
home Фудбал

Реакцијата на Паоло Малдини по првиот гол на неговиот син во дресот на Милан (Видео)

Реакцијата на Паоло Малдини по првиот гол на неговиот син во дресот на Милан (Видео)

Презимето Малдини има голема историја во фудбалскиот великан Милан, а денеска истата е продолжена од страна на младиот Даниел кој го постигна својот прв гол во Серија А.

Милан успеа да слави на гостувањето кај Специја со 1:2, но веста на денот е погодокот на младиот фудбалер кој го надополни големото наследство кое го оставија неговиот дедо Чезаре и татко Паоло.

Паоло Малдини во овој момент е директор на Милан и директно од трибините сведочеше на првиот гол на неговиот син, а неговата татковска реакција брзо стана вирална на социјалните мрежи.

– Навистина сум многу среќен, емоциите се многу силни. За среќа, ги вративме трите бода дома и ќе ми биде потребно време за да „легне“ се она што се случи.

– Вчера ми беше кажано дека ќе бидам стартер и имаше голема тензија. Соиграчите навистина многу ми помогнаа, но и тренерот Пиоли и мојота татко. Паоло има големи барања од мене, но пред се ми е татко и ми дава совети, – порача 19-годишниот Даниел за „ДАЗН“.

Локални избори 2021