вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 28
home Фудбал

Реакции во српските медиуми: Шакири и Џака и донесоа победа на Швајцарија, славеа скандалозно провоцирајќи ја Србија (ФОТО+ВИДЕО)

Реакции во српските медиуми: Шакири и Џака и донесоа победа на Швајцарија, славеа скандалозно провоцирајќи ја Србија (ФОТО+ВИДЕО)

Репрезентацијата на Швајцарија успеа да стигне до голема победа против Србија со 2:1, со головите на фудбалери кои имаат потекло од Косово, Гранит Џака и Џердан Шакири.

Тие головите ги прославија со провокација до противникот, имено головите тие ги прославија гестикулирајќи го двоглавиот орел со рацете, кој е на албанското знаме.

Србите ова сигурно не го прифатија најдобро, а медиумите пак жестоко ги нападнаа швајцарските фудбалери, барајќи казна за нив од ФИФА, бидејќи испратија политички пораки на фудбалски натпревар, нешто што според правилата на оваа организација не е дозволено.

Покрај провокацијата со прославата на голот, Џердан Шакири на овој натпревар на една од копачките имаше знаме на Косово, држава која Србија не ја признава, а од која што тој има потекло.

Ова беше уште една причина за жестока реакција на српските медиуми, кои и за ова побараа казна од ФИФА.

Погледнете ги головите од натпреварот меѓу Србија и Швајцарија:

Коронавирус