четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 56
home Фудбал

Раздвижен ден на Олд Трафорд: Уште едно големо засилување ги помина лекарските прегледи во Манчестер Јунајтед

Раздвижен ден на Олд Трафорд: Уште едно големо засилување ги помина лекарските прегледи во Манчестер Јунајтед

Таман што навивачите на Манчестер Јунајтед почнаа да го слават доаѓањето на нивното ново засилување Фред, уште еден играч на Олд Трафорд. Според наводите на Скај Спорт, како и фриленс новинарот Крег Норвуд, кој важи за англискиот Џанлука Ди Марцио, на Олд Трафорд додека се потпишувал договорот со Фред, лекарските прегледи ги минувал и Диого Далота.

Се минало како што треба, а договорени се и условите за соработката со 19 годишниот фудбалер, кој може да игра и на левата и на десната бековска позиција. Неговиот клуб Порто не се прашува многу за овој трансфер, затоа што во договорот има клаузула од 20 милиони евра, што е вистинска „ситница“ за Манчестер Јунајтед, а пристојна заработка за Порто.

На Олд Трафорд може да се каже дека стартот на преодниот рок е најмалку интересен. Фред клубот од Манчестер го чинеше најмалку 59 милиони евра, додека Далот 20 милиони евра, што значи дека Јунајтед за еден ден потроши 79 милиони евра.

Коронавирус