вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 103
home Фудбал

Рашфорд се врати во полн тренинг

Рашфорд се врати во полн тренинг

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд се врати во полн тренинг по неодамнешната операција на рамото и ќе може да конкурира за место во тимот по репрезентативната пауза, објави неговиот тренер Оле Гунар Солскјер.

Рашфорд се повреди во завршницата на минатата сезона и поради тоа имаше многу мала минутажа во англиската репрезентација за време на ЕУРО2020. Операцијата му беше извршена во август.

– Рашфорд вчера првпат тренираше со максимално темпо, имаше стартови врз него и сè мина во ред. Тој е физички потполно подготвен, работеше напорно, но досега тренинзите беа без контакт. Доколку неговото рамо може да издржи контакт во тој случај ќе може да се врати во составот по репрезентативните обврски, изјави Солскјер.

Коронавирус