петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 160
home Фудбал

Рангник со прва прес-конференција: Повик од Јунaјтед не се одбива

Рангник со прва прес-конференција: Повик од Јунaјтед не се одбива

Кога ќе ве повика клуб каков што е Манчестер јунајтед тоа не се одбива, рече денеска германскиот фудбалски стратег Ралф Рангник (63) на првата прес-конференција откако седна на клупата на „Црвените ѓаволи“.

-Тоа е еден од најголемите, ако не и најголемиот клуб во светот, и среќен сум што ќе работам со оваа група играчи, изјави Рангник, кој ја почна својата улога на привремен тренер на Јунајтед до крајот на сезоната, откако му беше одобрена работната дозвола и сите други неопходни документи.

Рангник порача дека ги следел последните натпревари на Манчестер јунајтед и оти е запознат со состојбата во англискиот премиерлигашки фудбал.

– Секако, ги следев сите последни натпревари, дури и пред да ме контактираат од клубот. Прилично сум свесен што се случува во клубот и во Премиер лигата. Оваа екипа има талент и искуство, а главната цел е да се внесе рамнотежа во тимот. Доколку се погледне вкупниот број примени голови, тоа е во просек два по натпревар. Тоа едноставно е премногу, посочи Рангник.

Тој ќе дебитира в недела против Кристал Палас на домашен терен, а екипата ја презема седмопласирана со 21 бодови, 11 помалку од лидерот Челзи.

Коронавирус