четврток, 15. април 2021. Вести денес: 70
home Фудбал

Рамос за големиот ривал: Меси нѐ чинеше многу трофеи

Рамос за големиот ривал: Меси нѐ чинеше многу трофеи

Серхио Рамос освои многу трофеи со Реал Мадрид, но во пресрет на „Ел Класико“, признава дека бројката не е поголема само поради Лионел Меси.

Шпанскиот дефанзивец освои четири титули во Лигата на шампионите и пет во Ла Лига, а од друга страна Меси има четири трофеи во ЛШ, но дури десет во шпанското првенство.

– Имавме многу проблеми поради Меси изминатите години.

– Веројатно ако тој не играше во Барселона, ќе освоевме повеќе трофеи. Вака, во одредени моменти игравме против најдобрата Барселона во историјата, дури и со тренер како Жозе Мурињо ни беше тешко да ги победиме.

– Не само што не успевавме често да победиме, туку и се појавуваше дополнителен притисок, создаден од нивниот квалитет, – изјавил Рамос.

Коронавирус