понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 59
home Фудбал

Рамос пред деби во дресот на ПСЖ

Рамос пред деби во дресот на ПСЖ

Шест месеци по трансферот од Реал Мадрид во ПСЖ, Серхио Рамос би можел да го одигра првиот натпревар за својот нов клуб, откако 35-годишниот дефанзивец се најде на списокот играчи за дуелот против Манчестер сити во Лигата на шампиони.

Поради повреда на потколеницата Рамос пропушти голем дел од минатата сезона, а во летниот преоден рок, по 16 години минатите во Реал, без обесштетување, го засили ПСЖ. Поради повредата, шпанскиот фудбалер досега не одигра ниту еден натпревар за својот нов клуб.

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, го запиша името на Рамос на списокот фудбалери за утрешното гостување во Манчестер, откако дефанзивецот без проблеми ги одработи тренинзите во изминатите три недели. (МИА)

Коронавирус