сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Рамос: Имаше два очигледни пенала

Рамос: Имаше два очигледни пенала

Дефанзивецот на Реал Мадрид и капитен на „кралскиот клуб“ Серхио Рамос по синоќешното реми без голови со Барселона во мечот од 17-то коло од шампионатот на Шпанија се пожали дека неговиот тим е оштетен.

– Имаше два очигледни пенала. Играчите го видоа ова за време на паузата. Ова не може да се смени. Постои ВАР, така што не знам … Можеби во други натпревари ќе има различни решенија. Момците се бореа до последен. Се надевам дека после празниците ќе продолжиме во ист дух, изјави Рамос за клупската веб-страница.

Реал Мадрид е на делба на првата позиција со Барселона со по 36 бода.

Коронавирус