четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 162
home Фудбал

Рамос и Азар го „запреа” Конте, Мартинез сега е прв фаворит за тренерското место во Реал

Рамос и Азар го „запреа” Конте, Мартинез сега е прв фаворит за тренерското место во Реал

Раководството на Реал Мадрид се откажа од намерата Антонио Конте да го назначи за наследник на Хулен Лоптеги, поради отпорот на капитенот Серхио Рамос, како и поради фактот дека неговото доаѓање практично ќе ја затвори вратата за Еден Азар, објави „АС“.

Рамос, во име на играчите, му кажал на претседателот Флорентино Перез дека не сакаат тренер „тиранин“ кој го напушти Челзи поради лошите комуникации со ѕвездите на тимот, како што се Азар, Диего Коста или Вилијан.

Затоа, како прв пик, сега фигурира Роберто Мартинез, белгискиот селектор, кој има одлични односи со Азар, секако, поседува и тренерски квалитети.

По синоќешното отпуштање на Лопетеги,  во следниот период до назначување нов шеф на стручниот штаб, тимот ќе го предводи Сантијаго Солари.

Коронавирус