вторник, 3. август 2021. Вести денес: 7
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Фудбал

Рамос го шокирал Милан: Му барал 20 милиони евра за потпис и уште 15 за плата!

Рамос го шокирал Милан: Му барал 20 милиони евра за потпис и уште 15 за плата!

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос го напушти Реал Мадрид, па сега бара екипа која ќе му ги задоволи финансиските апетити. Поради тоа што шпанскиот гигант не му понуди доволно висока плата, тој реши да си замине и да побара нов ангажман.

Во меѓувреме како заинтересирани страни се јавија клубови од Италија и Шпанија, а еден од нив беше Милан, кој за краток период се откажа од услугите на Рамос.

„Ел Чирингито“ објави дека Рамос имал состанок со директорот на „росонерите“, Паоло Малдини, кој останал шокиран од барањата на дефанзивецот.

Рамос барал 20 милиони евра само за потпис на договор со италијанскиот гигант, а исто така побарал и плата од 15 милиони евра, додека Милан можел да му понуди само плата од осум милиони евра и договор на две години, но тоа не било доволно.

Коронавирус