среда, 19. септември 2018. Вести денес: 159
home Фудбал

Рамос го потапка Салах по повреденото рамо, реакцијата на фудбалерот е далеку од очекувана (ВИДЕО)

Рамос го потапка Салах по повреденото рамо, реакцијата на фудбалерот е далеку од очекувана (ВИДЕО)

Серхио Рамос и Мохамед Салах имаа нов „дуел”, двајцата се сретнаа во Монако на денешната церемонија на УЕФА откако организаторот ги седна еден зад друг.

Двајцата играчи имаа еден дуел во финалето од Лигата на шампионите по кој се крена многу прашина бидејќи фудбалерот на Ливерпул заработи повреда. Многумина сметаат дека имало намера во стартот на дефанзивецот на Реал, нешто што тој категорично го негираше.

Серхио Рамос и Мохамед Салах одново се во центарот на вниманието откако седеа еден зад друг на церемонијата која попладнево се одржа во Монако за извлекувањето на групите од Лигата на шампионите.

Капитенот на „Кралевите“ се појави на сцената за да ја добие наградаа најдобар дефанзивец и кога се врати на своето место го потапка Салах по рамо, истото она кое Египјанецот го повреди во Киев.

Реакцијата на Салах беше бесценета, играчот на Ливерпул не мрдна и не сакаше ниту да го погледне Серхио Рамос, погледнете.