среда, 28. јули 2021. Вести денес: 160
home Фудбал

Рамос го одбрал следниот клуб, ќе заработи 45 милиони евра

Рамос го одбрал следниот клуб, ќе заработи 45 милиони евра

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Серхио Рамос ќе се пресели во ПСЖ, „светците“ му ги исполниле сите желби на дефанзивецот, кој ќе заработи 45 милиони евра за три сезони во Париз.

ПСЖ ќе биде следниот клуб на Серхио Рамос, ваква информација пренесе Кадена Копе. Медиумот објави дека дефанзивецот ова им го соопштил на неколку соиграчи од Реал Мадрид со кои имал добри односи во соблекувалната.

Се шпекулира дека „светците“ му ги исполниле сите желби на дефанзивецот, кој ќе добие прилично богат договор.

Серхио Рамос во Париз ќе има плата од 15 милиони евра по сезона, односно ќе заработи 45 милиони евра за тригодишна соработка.

Коронавирус