понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 17
home Фудбал

Ракитиќ во Манчестер Јунајтед?!

Ракитиќ во Манчестер Јунајтед?!

Премиерлигашот Манчестер јунајтед има намера да го купи играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ за 57 милиони фунти, објавија англиските медиуми.

Тековниот договор на 30-годишниот хрватски репрезентативец со каталонскиот тим истекува кон крајот на јуни 2021 година.

Претходно беше објавено дека Ракитиќ сака да го продолжи договорот со Барселона, но менаџерот на клубот не се брза да му понуди нова соработка.

Интерес за Хрватот покажуваат уште и ПСЖ и Интер.

Во тековната сезона, Ракитиќ играше на 34 натпревари за Барселона, постигна четири гола и направи шест асистенции.

Коронавирус