среда, 18. септември 2019. Вести денес: 33
home Фудбал

Ракитиќ се збогуваше со Барселона

Ракитиќ се збогуваше со Барселона

Наспроти лошата слика која Барселона ја остави со слабата игра против Валенсија во синоќешното финале од Купот на кралот, сега фудбалска Шпанија дополнително зборува и за потегот на Хрватот Иван Ракитиќ.

Барселона загуби од Валенсија останувајќи без уште еден трофеј. Сериозни критики имаше на сметка на тренерот Ернесто Валверде, но и на поединци од тимот, пред се на Ракитиќ кој беше и тоа како лут кога мораше да го напушти теренот. Хрватот откако беше заменет шутна шише со вода кое беше во близина на клупата и одби да се поздрави со соиграчите и членовите на стручниот штаб.

Со тој потег, се чини, Ракитиќ и дефинитивно си порачал билет за заминување од Барселона…

-Нормално дека сум вознемирен. Ја почитувам одлуката на тренерот, но само сакав да помогнам. Дадов се од себе на теренот. Тоа е мојата реакција, каква е таква е, и не можам ништо повеќе да кажам“ – истакна хрватскиот репрезентативец по синоќешниот натпревар.

Извор: ekipa.mk