понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 153
home Фудбал

Ракитиќ: Никогаш не сум бил пријател со Меси и Суарез

Ракитиќ: Никогаш не сум бил пријател со Меси и Суарез

Играчот за врска Иван Ракитиќ, кој летово се врати во Севиља по неколку сезони минати во Барселона, призна дека никогаш не бил особено близок со каталонската суперѕвезда Лионел Меси, како и со неговиот најдобар пријател и соиграч Луис Суарез.

– Никогаш не сум имал пријателски односи со Меси и Суарез. Мислам дека е доста тешко да се биде пријател во тим со 23-24 играчи. Но, тие беа мои соиграчи 6 години и се многу важни играчи. Отсекогаш добро се согласував со нив и јас многу ги почитувам. Мои блиски пријатели во тимот беа Андрес Иниеста, Тер Штеген, Боатенг и Фирпо, рече Хрватот, цитиран од „Ел Десмарке“.

Минатата сезона, Ракитиќ одигра 42 натпревари со „црвено-синиот“ дрес, постигна 1 гол и даде 5 асистенции. 32-годишниот играч за врска се пресели во Севиља за 1,5 милиони евра, но со бонуси износот може да се зголеми на 9 милиони.

Коронавирус