По непрофесионалнот потег по елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите, Еден Азар многу веројатно уште ова лето ќе го напушти „кралскиот“ клуб. Азар во Мадрид пристигна како големо засилување и замена за Кристијано Роналдо, но досега речиси и да нема одиграно ниту еден натпревар каков што се очекува од него, а капак на сè беше и неговото смеење со поранешните соиграчи по натпреварот на „Стемфорд Бриџ“.
Не е познато каде офанзивниот играч би можел да ја продолжи кариерата, но славниот агент Мино Раијола има решение. Имено, тој верува дека е можна размена помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал, во која Пол Погба би се преселил во Мадрид, и Азар во Манчестер.
„Погба во Реал Мадрид е тешка, но не и невозможна мисија. Што ако Реал понуди размена Азар-Погба? Ако тоа го сакаат и двете страни, зошто да не?“, рече Рајола, чиј клиент е француски фудбалер од редовите на Јунајтед.
Погба игра одлично во дресот на Јунајтед во последниот период и конечно стана важна алка во тактиката на Солскјер, но кога во прашање е неговата иднина, секогаш постои опција за заминување од „Олд Трафорд“.