сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Рајола: Холанд беше во право кога го избра Дортмунд пред Јунајтед

Рајола: Холанд беше во право кога го избра Дортмунд пред Јунајтед

Агентот на новата sвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд – Мино Рајола, објасни дека го подготвувал договорот за Норвежанецот околу една година, потврдувајќи дека Холанд донел добро осмислена одлука да се пресели на „Сигнал Идуна парк“.

Стрелецот му се придружи на тимот од Дортмунд за 18 милиони евра, отфрлајќи ја понудата на Манчестер Јунајтед. Самиот Рајола ги нападна „црвените ѓаволи“ дека клубот уништувал премногу талентирани играчи. Агентот сега откри некои детали за самата зделка за неговиот клиент.

– Јас бев зафатен со Холанд последната година. Разговарав со голем број клубови, ги слушав нивните планови и преговарав за суми. Ова му овозможи на Ерлинг да направи оправдан избор, резимираше Рајола.

Холанд ја започна својата сензационална кариера со тимот на Дортмунд, постигнувајќи 8 гола на неговите први 4 натпревари со „жолто-црниот“ дрес.

Коронавирус