среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 140
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Фудбал

Рафаел Леао МВП на Серија А, Пиоли најдобар тренер за оваа сезона

Рафаел Леао МВП на Серија А, Пиоли најдобар тренер за оваа сезона

Милан ја освои шампионската титула во Серија А по 11 години, а „росонерите“ ги собраа и индивидуалните награди.

Признанието за тренер на годината му припадна на Стефано Пиоли, стратегот кој успеа со скромниот тим на Милан да го освои шампионски трофеј.

Рафаел Леао е избран за играч на сезоната во Серија А. Португалецот постигна единаесет гола и забележа десет асистенции во шампионатот на Италија.

За најдобар голман оваа сезона е избран Мајк Мењон, чуварот на мрежата на Милан. „Златна копачка“ во италијанскиот шампионат е Чиро Имобиле кој постигна 27 гола.

Коронавирус