недела, 11. април 2021. Вести денес: 105
home Фудбал

Работнички и Шкендија мирољубиво, Шкупи сигурен

Работнички и Шкендија мирољубиво, Шкупи сигурен

Фудбалските тимови на Работнички и Шкендија одиграа скромен меч во Скопје, со малку шанси и без ниту еден погодок во дербито на 21. коло во домашното фудбалско првенство.

На тетовци не им одговара ниту исходот во Кратово, каде Шкупи го победи Силекс со 1:0 и им се одближи на шест бода разлика во битката за титулата.

Чаирчани и Пелистер се единствените гостински екипи што успеаја да ги освојат бодовите денеска на дуелите од 21. коло. Фреди Алварес со победнички гол во 79. минута им донесе радост на гостите од Скопје. Пелистер изненади во Струга и со голот на Пејаковиќ во судиското продолжение славеше со 1:0.

Најубедлива победа во оваа рунда ја забележа Ренова со 3:0 против Вардар. Шефити и двапати Селмани беа прецизни за гипсарите во меч на кој најтрофејниот клуб кај нас играше со фудбалер помалку од 26. минута кога беше исклучен Величковиќ.

Борец освои значајни бодови со победа од 2:1 против фенерџијата Беласица, исто како и Академија Пандев против Македонија Ѓорче Петров која победи со 2-1.

Резултати: Работнички – Шкендија 0:0, Силекс – Шкупи 0:1, Ренова – Вардар 3:0, Академија Пандев – Македонија Ѓ.П. 2:1, Струга – Пелистер 0:1, Борец – Беласица 2:1.

Табела: Шкендија 46, Шкупи 40, Македонија Ѓ.П. 35, Струга 32, Работнички и Борец по 29, Вардар 26, Пелистер 25 Силекс 23, Ренова 22, Академија Пандев 21, Беласица 12

Коронавирус