вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 101
home Фудбал

Работнички и Достаниќ спогодбено се разделија

Работнички и Достаниќ спогодбено се разделија

Српскиот стратег Ратко Достаниќ од денеска повеќе не е тренер на македонскиот фудбалски прволигаш Работнички, откако двете страни постигнаa спогодбен прекин на соработката.

-Дојде до разделба со шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ. Во меѓусебен разговор оценивме дека во моментов е најдобро да има спогодбен раскин на договорот со тренерот Достаниќ. ФК Работнички му се заблагодарува за професионалниот пристап и напорната работа и му посакува се најдобро во натамошната кариера, изјави за клупскиот сајт претседателот на Работнички, Драган Поповски.

Првиот човек на скопскиот прволигаш најави дека наследникот на Достаниќ ќе биде познат во следните денови.

По есенскиот дел во ПМФЛ, Работнички е седмопласиран со 24 бодови и под водство на Достаниќ оствари пет победи, девет нерешени и четири порази. (МИА)

Коронавирус