четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Фудбал

Работнички ефикасен против Пелистер на отварањето на 26.коло во ПМФЛ

Работнички ефикасен против Пелистер на отварањето на 26.коло во ПМФЛ

Победа на Работнички со 3-1 во дуелот со Пелистер во премиерниот меч на 26.коло на ПМФЛ. Станковски постигна два гола во првото полувреме, Јевтовски зголеми на 3-0 во 65. минута, а почесниот гол беше дело на Кочоски во последните минути од дуелот.

Со новите три бода, Работнички има 39 бода и се качи на четвртата позиција, барем додека се комплетира колото, а Пелистер остана седми со 32 бода.

Појасна слика на табелата ќе ја добиеме утре откако ќе се одиграат преостанатите пет дуели: Ренова – Шкендија, Академија Пандев – Шкупи, Беласица – Македонија Ѓорче Петров, Борец – Струга Трим лум, Силекс – Вардар.

На табелата води Шкендија со 56 бода, десет повеќе од Шкупи.

Коронавирус